Во септември стартува групната фаза од Лига шампиони, а ,,Црвено-црните” отвараат со гостување во Белорусија против Мешков Брест и тоа пред публика, бидејќи во оваа земја и за време на пандемијата со вирусот се играше пред публика и немаше рестриктивни мерки.
Паузата трае до 18 јули и потоа ќе се размислува за планот и стратегијата на летните подговки за што поподготвени екипите да влезат пред елитните натпревари. Мечот помеѓу Мешков и Вардар е планиран за 16 или 17 септември.