Во петтото коло од тековната премиерлигашка сезона, Кристал Палас, на домашниот „Селхурст Парк“ го дочека лутиот ривал, Брајтон, во вкупно 105. меѓусебен натпревар.
На овој меч, Палас поведе во 19. минута преку успешно изведениот пенал на Вилфред Заха. Во продолжение, Брајтон доминираше во сите параметри, но својот погодок го постигна дури во 90. минута, преку Алексис Мек Алистер. Брајтон остана со играч помалку во третата минута од судиското продолжение, откако Луис Данк заработи директен црвен картон за стартот со две нозе над Гери Кејхил. Сепак, накрај, резултатот од 1-1 се покажа како конечен за вкупно 26. реми на овие ривали.
Тренерот на Брајтон, Греам Потер, сè уште нема забележано победа против Кристал Палас во Премиер лигата, но со ова реми успеа да ја прекине лошата серија од три последователни порази на својот состав.
После овој меч, Кристал Палас е дванаесетти, а Брајтон – шеснаесетти тим на премиерлигашката табела после пет одиграни кола.
За необичното ривалство на овие две екипи, прочитајте повеќе на следниот линк: https://javisejuzna.mk/%d1%84%d1%83%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d0%bb-%d0%bd%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%98%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%80%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be/?fbclid=IwAR21wKnVvJ-xexWeoetAjosGwoEn5jKvOPaRoLlLtlOHkmjSa9tiVviCeGU