Фк Росоман 83 оваа сезона ќе се натпреварува во Втора МФЛ и ќе се обиде да оствари опстанок во лигата. За таа цел ќе им биде потребна подршка од публиката и затоа клубот се реши да пушти во продажба сезонски билети по цена од 1500 денари за сите натпревари до крај на сезоната.
Проблем може само да претставува ако ФФМ категорично во текот на целото првенство не дозволи присуство на публика поради епидемиолошки и здраствени мерки од Ковид19.

Раководството на ФК Росоман 83 се заблагодарува на сите кои што купиле билет и ќе го подржат клубот на домашен терен и со тоа ќе помогнат во остварување на целите. Освен тоа останатите билети може да се нарачаат на броевите од постот. Во сооднос на текстот гореспоменат и соопштение на клубот кое гласи:
Почитувани,
,,Започнуваме со продажба на сезонски билети. Со купување на овој билет, Вие ќе му помогнете на клубот и ќе може да ги следите сите домашни натпревари оваа сезона во живо. Билетите може да ги нарачате на телефонските броеви 070 565 455 / 078 441 730 или да ни пишете порака на нашата фејсбук страна”.
НАПРЕД РОСОМАН !
Извор и фото: ФК Росоман 83



