Денеска од 13 часот во Нион,Швајцарија македонските преставници во првото квалификациско коло од Лига Европа ќе ги дознаат своите ривали. Шкупи, Шкендија и Ренова се трите преставници кои што треба да се обидат оваа сезона да направат исчекор во однос на минатите години кога лесно македонските екипи испаѓаа рано во квалификациската фаза,
Шкендија како носител ќе се соочи со некоја од следниве екипи: Сумгајт од Азербејџан, Ноа од Ерменија, Локомотив Тбилиси преставник од Грузија и тимот на Петрокуб од Молдавија.
Ренова е во групата на неносители и може да се соочи со една од следниве екипи: Аполон од Кипар, Макаби Хаифа од Израел или Алашкерт од Ерменија, додека Шкупи би се соочиле со: Хапоел Бер Шева од Израел, Нефчи Баку од Азербејџан или против тимот на Кешла од Азербејџан. Исто така Шкупи е во група на неносители.



