На 22.07.2020 година Александар Кирковски, планинар и планински тркач, реализира брзинско искачување на врвот Пелистер 2601 мнв со старт од Инфоцентар по патеката “преку Болници“. Рутата до врвот и назад е долга вкупно 19 километри со 1200 висински метри, а Александар ја мина за вкупно 2 часа 05 минути и 31 секунда (1 час 16 минути успон, 49 минути спуст) што претставува најдобро регистрирано време досега. За време на овој потфат имаше поддршка од битолските планинари: Горан Кузмановски, Саша Грбиќ, Стефан Петровски, Даниело Божиновски и Влатко Гроздановски.
Претходниот рекорд на оваа патека изнесуваше 2 часа 10 минути постигнат лани од Александар Стојкоски, а постои реално очекување во планинската заедница дека во иднина е можно оваа дистанца да се мине под 2 часа.