Тимот на Јуниор Кисела Вода се засили со четири ракометари во пресрет на новата сезона. За тимот на Благојче Весиќ потпишаа голманот Александар Стојаноски кој доаѓа од Струга, левиот бек Стефан Стојановски од Пролет, како и пикерот од Бутел Скопје, Марко Трајковски.
Покрај нив од Србија пристигна десниот бек Жарко Барјактаревиќ, кој доаѓа од тимот на Раднички Крагуевац.