Во рамките на 13 коло во фер и коректен натпревар, екипата на ЖФК Шкупи на домашен терен дојде до тешка победа над последнопласираната екипа на ЖФК Кочани со резултат од 3:2.
Ова беше трета победа по ред за скопјанки и врзаа серија на одлични резултати, пробивајќи се од долниот дел кон средината на табелата. Младата екипа на Кочани треба повеќе да се потруди за да стигне до почесни бодови оваа сезона.



