Флитвуд Таун е фудбалски клуб, кој моментално престојува во англиската трета лига и кој пред десет години беше полупрофесионален.
Од професионалната деценија на популарните ,,Код Арми”, најмногу се истакна еден фудбалер – Ирецот Пади Меден.
Имено, 31-годишниот напаѓач е водечкиот стрелец на Флитвуд, кога се во прашање професионалните лиги, со 43 голови на 131 лигашки настап.
Сепак, Меден отсега ќе настапува за петтолигашот Стокпорт, откако вчера потпиша тригодишен договор за засега непозната сума.
Стокпорт моментално е петти во Националната Лига, но на големо цели кон промоција со неколку ѕвезди во својот состав.
Освен за Флитвуд, Меден во сениорската кариера настапуваше уште за Бохемианс, за Шелбурн, за Карлајл Јунајтед, за Јеовил Таун и за Сканторп Јунајтед.
Исто така, во август 2013, го запиша и единствениот настап за Ирска на пријателскиот дуел против Велс.
📸 Robbie Jay Barratt – AMA/Getty Images