Едуардо Гурбиндо десниот бек на шпанската репрезентација и член на француски Нант, е нов играч на Вардар1961.Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант, Франција со која настапува во Лигата на шампионите. Шпанскиот бек зад себе има богата спортска кариера и ја има освоено и Лигата на шампионите, со тимот на Барселона во сезоната 2014/2015.
Како играч на Нант настапи и во финалето на Ф4 турнирот во ЛШ во сезоната 2017/2018 кога во француското финале Нант сепак остана со сребрен медал.