По шесте меѓусебни порази во низа, Нешвил Предаторс успеаја да ги совладаат актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, со резултат од 1-4.
Имено, ,,Предаторите” триумфираа благодарение на одличната втора третина, во која постигнаа три голови.
Стрелци на овие погодоци беа тројца Скандинавци, односно Еели Толванен, Виктор Арвидсон и Кале Јарнкрок.
Во третиот период, Тампа Беј успеа да намали на 3-1 преку капитенот Стивен Стамкос, а до крајот, Матијас Екхолм го постави конечниот резултат.
Со новата победа, Нешвил скокна на шестото место, додека Тампа Беј испушти прилика да го преземе врвот на Централната дивизија од Каролина Хурикејнс.
📸 Scott Audette /NHLI via Getty Images