Претпоследниот тим што избори пласман во четврт-финалето на КХЛ е Салават Јулаев Уфа.
Имено, ,,Зелените”, во првата фаза, го добија Трактор Чељабинск со вкупни 4-1, иако имаа почетна негатива од 1-0.
Последниот меч беше одигран денес и на него, домаќините од Уфа победија со 3-2.
После 26 минути игра, победничкиот состав стекна предност од 2-0 со пауер-плеј головите на Теему Хартикаинен и на Сакари Манинен.
Во продолжение, хокеарите на Трактор дојдоа до израмнување, откако Игор Полигалов и Александер Авцин го совладаа голманот Јуха Метсола.
Сепак, победата остана во Уфа во самиот финиш со голот од пенал на Маркус Гранлунд во последната минута.
📸 Twitter: ХК Салават Юлаев