За првпат во 2021, односно на третиот меѓусебен дуел годинава, СКА го порази Салават Јулаев Уфа со резултат од 0-5.
Домаќините останаа без постигнат гол против СКА за првпат во меѓусебните пресметки во КХЛ, а исто така, не сјаеја во нападот по вторпат во последните четири натпревари.
Од друга страна, за претставниците на Ст. Петербург, поточно за голманот Ларс Јохансон, денешниот меч беше трет од вкупните четири во октомври, на кој запиша шут-аут со 25/25 одбранети шутеви.
Од хокеарите на армискиот состав, двапати во листата на стрелците се запиша Владислав Цицјура, кој веќе ја игра својата најефикасна сезона во КХЛ во кариерата со вкупно три погодоци досега.
Освен Русинот, по еднаш мрежата на Александер Шариченков ја затресоа Андреј Кузменко, Линден Веј и Јоонас Кемпаинен.
После шеснаесет одиграни натпревари, СКА ја зазема третата позиција на Западот, додека Салават е исто така третопласиран, но на Истокот.