
Лидерот на грчката Супер лига 2 Север, Верија, по осумте врзани триумфи, го запиша првиот пораз во 2022.
Имено, ,,Сино-црвените”, во заостанатиот меч од тринаесеттото коло, загубија на гостувањето кај локалниот ривал, Кардица, со 5-2.
Сите седум погодоци на натпреварот паднаа во второто полувреме, а Верија водеше со 0-1 и со 1-2, благодарение на двата гола на најдобриот голгетер во лигата – Јанис Пасас (49′ од пенал, 58′).
На спротивната страна, од пенал на 1-1 израмни Лукас Брамбиља (52′), а целосен ,,блицкриг” направија Анастасиос Лагос (61′), Константинос Плегас (63′) и Елини Димуцос (69′).
На пет минути пред крајот, конечниот резултат го постави Хуан Лареа (85′) со четвртиот овосезонски погодок.
На табелата, Верија остана на првото место со три бода предност во однос на АЕЛ Лариса, додека Кардица е четврта, со еден натпревар и со девет поени помалку.