
Новиот турски кошаркарски шампион, Фенербахче, денес официјално го претстави својот нов тренер – Димитриос Итудис.
Итудис, родум од Трикала (Грција), потпиша договор на три години со турскиот гигант, кој исто така настапува во Евролигата.
Од 2014, па сè до оваа година, Гркот беше дел од ЦСКА Москва, каде што освои шест руски, шест ВТБ и две европски титули.
Сепак, поради војната помеѓу Русија и Украина, тренерот ја напушти руската престолнина, иако имаше уште една година од својот договор.
Претходно, од 1999 до 2012, тој беше асистент во Панатинаикос, во еден период на Жељко Обрадовиќ, а во сезоната 2013/14 го предводеше турски Банвит.
Во деведесеттите години на минатиот век, грчкиот стратег беше главен на кормилото на четири екипи: Загреб У18, ПАОК, Филипос Тесалоники и МЕНТ.
Освен на Фенербахче, Итудис во моментот е актуелен тренер и на грчката сениорска репрезентација.