Спарта Ротердам и Фејеноорд се градски ривали, чијшто анимозитет потекнува од почетокот на минатиот век.
Имено, Спарта е основана во 1888 година, кога фудбалот во Холандија бил наменет само за претставниците на високата класа, додека Фејеноорд е основан во 1908, во истоимениот кварт на Ротердам што бил центар на работничката класа.
Денес, во рамките на 15. коло од Ередивисие, овие две екипи го одиграа 113. ротердамско дерби, односно второто сезонава.
Накрај, Фејеноорд, со големи маки, ја оправда фаворитската улога, триумфирајќи со 0-2.
Номиналните гости го отворија резултатот преку 20-годишниот Лутшарел Геертруида (11′), а го затворија преку џокерот Николаи Јоргенсен (90+4′).
Со новите три поени, Фејеноорд изби на третото место и драстично им се доближи на ПСВ и на Ајакс, кои денес го играат меѓусебното дерби. Спарта и покрај поразот, останува на деветтата позиција.
📸 Erwin Spek/Soccrates/Getty Images