Петтиот супервелеслалом во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција беше одржан денес во Цаухензее, Австрија.
На патеката ,,Калберлох”, најбрза беше Италијанката Федерика Брињоне (1:10,84), која стигна до втората победа во сезоната.
Со само четири стотинки заостаток, второто место го зазеде Корин Сутер (+0,04), освојувајќи го седмиот подиум во супер џи во својата кариера.
Најпријатното изненадување го направи воедно и најдобрата домашна скијачка, Аријане Редлер (+0,17), која, со денешната трета позиција, го освои првиот пиедестал во кариерата.
Во продолжение, Марта Басино (+0,43) беше четврта, а петтото место го поделија Теса Ворли (+0,51) и Лаура Гош (+0,51).
Освен наведените скијачки, во топ 10 завршија уште: Алис Робинсон (+0,53), Елена Куртони (+0,59), Естер Ледецка (+0,60) и Лара Гут-Бехрами (+0,64).