
Селекцијата на Германија направи голем чекор кон одбрана на екипната титула во Светскиот куп во санкање.
Имено, на претпоследната овосезонска трка, одржана во Оберхоф, домашната селекција (2:21,536) избори победа и се наоѓа на само подиум од сигурна титула во пресрет на последното натпреварување во Ст. Моритц.
За домаќините, денес настапија најдобрите поединци, односно Јулија Таубитц, Јоханес Лудвиг, Тони Егерт и Саша Бенекен.
Второто место на Летонците (+0,535) им го донесоа Елина Иева Витола, Кристерс Апарјодс и Андрис и Јурис Шикс.
Само шест илјадинки позади балтичката земја се пласираше Австрија (+0,541), која е најблизок конкурент на Германија во битката за круната.
Австријците настапија со Маделеине Егле, со Нико Глајршер и со парот Томас Штој и Лоренц Колер, кои ги оставија зад себе во топ 5 – Италија (+0,810) и Русија (+1,033).
Целосниот пласман го комплетираа Словачка (+2,385), Канада (+2,408), Романија (+2,492), Полска (+3,237), Чешка (+5,289) и Украина (+11,120).




