Ѕвездите на Пари Сен Жермен предводени од Раул Гонзалес на сензационален начин беа поразени во првото полуфинале на завршниот турнир во Лигата на шампионите од Алборг со 33-35.
Играчот на Алборг, Клар со 9 гола и беше најефикасен на теренот, пред Ремили со 7 и Хансен со 6 од ПСЖ. Ова ќе биде прво финале за Алборг во својата историја, а противник ќе биде подобриот од второто полуфинале помеѓу Нант на Кире Лазаров и Барселона.



