среда, декември 6, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Мотоспорт

Ф1: Комплетен распад на „Ферари“; 1-2 победа на „Мерцедес“

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 12, 2020
📁 Мотоспорт, Спорт

Трката за големата награда на Штаерска беше одржана на истата патека како и претходната трка – „Ред Бул Ринг” во Шпилберг.
По вчерашната освоена пол-позиција, Луис Хамилтон стигна и до својата осумдесет и петта победа во кариерата и вкупно деветнаесетта на којашто бил во водство од стартот па сè до целта. Неговиот тимски колега, Валтери Ботас, во последните кругови успеа да го помине Макс Ферстапен и да заврши на второто место оставајќи го Холанѓанецот на најниското место на подиумот. Александер Албон беше четвртопласиран возач, а најголемата битка ја видовме за позицијата број пет.
Имено, Серхио Перез ја држеше оваа позиција во поголемиот дел од завршницата на трката, но при еден обид за претекнување на Албон, го оштети предниот дел на својот болид. Паралелно со ова случување, Ленс Строл го претекна Даниел Рикијардо за освојување на шестата позиција, но нивната битка најдобро ја искористи Ландо Норис, кој успеа да ги претекне и двајцата. До крајот на последниот круг, Норис успеа да го претекне и Перез и да заврши на петтото место. Перез ќе го изгубеше и шестото место за дел од секундата бидејќи Строл и Рикијардо се доближија екстремно блиску до него.
На последните две позиции што носат поени завршија Карлос Саинц, кој освои дополнителен бод за најбрз круг, како и Данил Квјат.
Двајцата возачи на „Ферари“ го завршија своето учество на оваа трка уште во првите два круга по еден меѓусебен контакт при стартот.

Tags: АвстријаФормула 1Хамилтон
Share9Tweet
Претходна вест

(Фото) Петар Јовановски реизбран за старо-нов претседател на ОФМ

Следна вест

(Фото) Серафимовски е новиот предводник од клупата на ЖФК Љуботен

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Кафе Бар “9” на пенали подобри од Д-р Баткоски за полуфинале!
Фудбал

Кафе Бар “9” на пенали подобри од Д-р Баткоски за полуфинале!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Дек/2023
Галевски е МВП на натпреварот против Грузија
Ракомет

Селекторот на младинците Стојановиќ објави список за Трофеј Карпати

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Дек/2023
Митев и Галевски го водеа Алкалоид до историска победа во Европа
Ракомет

Митев и Галевски го водеа Алкалоид до историска победа во Европа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
05/Дек/2023
Павел Хладик тренер на Брно: Понудата на Охрид за Мацуока не можеше да се одбие
Ракомет

Павел Хладик тренер на Брно: Понудата на Охрид за Мацуока не можеше да се одбие

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
04/Дек/2023
Следна вест

(Фото) Серафимовски е новиот предводник од клупата на ЖФК Љуботен

Последно

Кафе Бар “9” на пенали подобри од Д-р Баткоски за полуфинале!

Селекторот на младинците Стојановиќ објави список за Трофеј Карпати

Митев и Галевски го водеа Алкалоид до историска победа во Европа

Павел Хладик тренер на Брно: Понудата на Охрид за Мацуока не можеше да се одбие

Стружанка го совлада Пелистер! Далипоска броеше до 11

Ристовска без грешка во победата на ЦСКА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.