
Италијанскиот ски-центар Бормио беше домаќин на третиот овосезонски супервелеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција.
На него, убедливо најбрз беше лидерот во генералниот поредок, Марко Одермат (1:29,27), кој ја и водечката позиција во пласманот за оваа дисциплина од Александер Омодт Килде.
Имено, Килде (+2,15) го загуби провизорниот врз, откако денес заврши на осмото место.
Вчерашниот победник, Винсент Крихмајер (+0,64), денес беше второпласиран, а Лоик Мејар (+1,22) се искачи на најниското место на подиумот.
Во продолжение, заостаток под две секунди имаа уште: Даниел Хеметсбергер (+1,36), Алексис Пантуро (+1,40), Џејмс Крофорд (+1,51) и Стефан Рожентан (+1,54).