Формула 1 возачите заработуваат милионски суми и тоа е само нивната основна плата, без дополнителните премии или спонзорски договори што ги потпишуваат. Сезонава Луис Хамилтон собори рекорди на Михаел Шумахер со што Британецот влезе во историјата на Ф1.
По бројот на Гран при победи е на првото место во историјата на Формула 1, а ја освои и седмата светска титула со што се израмни со Михаел Шумахер. Луис Хамилтон е на врвот на ранг-листата. Тој ќе добие 47 милиони евра за својата работа оваа сезона, што е само износот на основната плата, без додатоци и средства за спонзорство.
Листата на заработувачка е следна:
1.Луис Хамилтон (Мерцедес): 47 милиони евра
2.Себастијан Фетел (Ферари): 35 милиони евра
3.Даниел Рикиардо (Рено): 20 милиони евра
4.Макс Верстапен (Ред Бул): 16 милиони евра
5.Валтери Ботас (Мерцедес): 9 милиони евра
6.Шарл Леклерк (Ферари): 9 милиони евра
7.Кими Раиконен (Алфа Ромео): 6 милиони евра
8.Карлос Саинц (Мекларен): 4,5 милиони евра
9Серхио Перез (Рејсинг Поинт): 4 милиони евра
10.Естебан Окон (Рено): 4 милиони евра
11.Ромен Грожан (Хас): 2 милиони евра
12.Кевин Магнусен (Хас): 2 милиони евра
13.Алекс Албон (Ред Бул): 2 милиони евра
14.Ландо Норис (Мекларен): 1,5 милиони евра
15.Ленс Строл (Рејсинг Поинт): 1,5 милиони евра
16.Пјер Гасли (Алфа Таури): 1 милион евра
17.Даниел Квјат (Алфа Таури): 750.000 евра
18.Џорџ Расел (Вилијамс): 750 000 евра
19.Николас Латифи (Вилијамс): 750 000 евра и
20.Антонио Џовинаци (Алфа Ромео): 500 000 евра.



