Наполи на домашен терен против Сасуоло стигна до рутинска победа од 2:0 со по еден постигнат гол во двете полувремиња. Стрелец во првиот дел беше Хисај, додека резервистот Алан во самиот финиш на натпреварот ги постави конечните 2:0 за нови три бода.
На овој меч македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 79 минута на местото на Зелински. Најголем впечаток остави поништените четири гола на гостинот од страна на главниот арбитар и тоа сите сосема оправдано по прегледување во ВАР собата поради офсајд позиции.
Во првото полувреме Ѓуричиќ на два пати беше спречен да постигне гол поради офсајд, а во вториот дел по еднаш ВАР системот ги улови во недозволена позиција Капуто и Берарди.