Сенеса Естрада со 19-та победа во исто толку мечеви стана шампионка во мува категорија во ВБА и во ВБЦ верзијата. Миранда Аткинс воопшто не требаше да и биде противничка на 28-годишната американка, но влета како замена за повредената Џеки Калво.
Естрада мечот го заврши со нокаут по само 7 секунди и тоа претставува нов рекорд. Боксерката инаку ја нарекуваат ,,Супер лошата девојка” и во рингот токму тоа и го потврдува.
Противничката ја реши во своја полза со само 6-7 удари кои што беа фатални по противничката во рингот. Сенеса Естрада сега го има ореолот привремена шампионка во својата категорија, а треба да го потврди со победа против Калво кога ќе има услови да се организира тој дуел.