вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

Ексклузивно: Што се случуваше позади камерите за новиот спот на Некст Тајм?

Епов Насе ✏️ Епов Насе
април 16, 2022
📁 ЗАБАВА, МАГАЗИН, МУЗИКА
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
📸 Трајче Китановски

Пред три дена, ремек-делото на бендот Некст Тајм, ,,Кога падна на Пирина”, ја имаше својата премиера пред македонската публика.

Самиот спот изобилуваше со прекрасни сцени, својствени за почетокот на дваесеттиот век, во кои, освен актерот Ненад Нацев, главна улога имаше и јастребот Хари.

Хари и’ е добро познат на македонската јавност, пред сè поради гостувањата во бројни телевизиски емисии и присуствата во неколку видео-записи.

Овој јастреб ја стекна својата популарност поради соколарот Трајче Китановски, кој напорно работи со птицата за нејзино усовршување.

Во интервју за ,,Јави се јужна”, Китановски откри две интересни и несекојдневни случки, кои биле дел од снимањето на спотот за ,,Кога падна на Пирина”.

,,Спотот се снимаше на повеќе локации: Битола, Крушево, Куклица, Пониква. Во Пониква, седевме јас и Ненад во кафанчето, се топлевме, јадевме и си ја чекавме сцената. Арно ама, Ненад веќе беше ,,жива вода” од сцената што помина од причина што на Пониква имаше снег, а неговата улога бараше да има повеќе падови во снегот и поради тоа, чорапите му беа мокри. Тој дојде до идеја да ги стави чорапите да се сушат на парното во кафанчето, а парното се наоѓа на самиот влез, така да, кој и да влезе, колку и да не сака, пак ќе ги види (хаха). Потоа дојде неговата нова сцена, тој стана, а јас си останав да чекам на топло. После кратко време, келнерот дојде и ми вика: ,,Дечки, да ве замолам нешто, знам дека чорапите се на некој од вас, гости ни доаѓаат, не е баш пријатно на врата прво што ќе видат чорапи се сушат на парното.”. Јас станав и ги земав, а после имавме и заедничка сцена со Ненад, но чорапите ми останаа во џеб. Кога се заврши снимањето накај 22.00 часот (зашто снимавме цел ден), односно кога стигнав во Скопје, си ги најдов во џеб и му реков: ,,На промоција само ќе ти ги дадам да ми ги потпишеш и толку ти е, мој сувенир ги задржувам (хахаха).“

,,Многу беше интересно кога Хари за првпат се запозна со коњот на Јане. Двајцата се преплашија еден од друг. Хари кога го виде коњот, летна на дрво и оттаму го гледаше, ги ширеше крилјата и викаше со својот препознатлив крик. Коњот штом го слушна тоа, панично почна да трча низ планината и имаше потера четириесеттина минути додека да го најдеме (хаха). Јас и режисерот Огнен Шапковски останавме со Хари, се обидував некое време да го симнам од дрво. Знаев дека е испаничен од коњот и дека кога-тогаш ќе се симне, но Огнен не знаеше и почна да паничи по екипата: ,,Останавме без птица, Трајче го изгуби Хари”. Јас се смеев, а Огнен ми се чудеше од каде таа смиреност и убеденост дека сè ќе биде во ред. На крајот, сепак, сè се заврши во најдобар ред: коњот беше пронајден и Хари се спушти од дрво, но решивме повеќе да не ги здружуваме (хахаха).“

За крај, Китановски додаде и пофални зборови за целата екипа:

,,Сум работел досега на доста проекти, но со ваква забавна екипа, а при тоа професионална, до таа мера да е организирана и испланирана секоја ситница – не.”

Tags: ЈастребКога падна на ПиринаНекст ТајмТрајче КитановскиХари
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Витална победа на Бероу против лидерот на табелата

Следна вест

Овиедо го доби дербито на Астурија против Спортинг Хихон

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Марија Данева со видео за преубавата песна „Не знам јас да губам“ (Видео)
МУЗИКА

Марија Данева со видео за преубавата песна „Не знам јас да губам“ (Видео)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
МУЗИЧКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ! ДАЦ И АЛЕКСАНДАР ГО ОЖИВЕАА ХИТОТ ОД 1978 СО ПРОДУКЦИЈА НА ДАРКО ДИМИТРОВ!
МУЗИКА

МУЗИЧКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ! ДАЦ И АЛЕКСАНДАР ГО ОЖИВЕАА ХИТОТ ОД 1978 СО ПРОДУКЦИЈА НА ДАРКО ДИМИТРОВ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Ное/2026
Песна што го враќа срцето дома: Давид Темелков со силна порака за сите што се далеку од најмилите! (ВИДЕО)
МУЗИКА

Песна што го враќа срцето дома: Давид Темелков со силна порака за сите што се далеку од најмилите! (ВИДЕО)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Ное/2026
ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Следна вест
Овиедо го доби дербито на Астурија против Спортинг Хихон

Овиедо го доби дербито на Астурија против Спортинг Хихон

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.