
Дербито на шпанската област Астурија помеѓу Спортинг Хихон и Реал Овиедо го одбележа триесет и шестото коло од Ла Лига 2.
Имено, до конечен триумф дојде составот од Овиедо, кој ја запиша петтата победа на последните шест средби, славејќи со 0-1.
Од друга страна, ,,Сините” не знаат за пораз од најлутиот ривал уште од 24 март 2019, односно веќе шест меѓусебни пресметки.
На нивниот последен двобој, човек на одлуката беше Борха Бастон, чијшто шут, по одбивањето од Хуан Берокал Гонзалез, заврши во мрежата на Иван Кељар во седумдесет и осмата минута.
На табелата, Овиедо изби во плејоф-зоната на шестото место, додека Спортинг ја зазема седумнаесеттата позиција.



