Турбулентната сезона на ,,Хаас” резултираше со прекинување на договорите на актуелните возачи – Кевин Магнусен и Ромен Грожан.
Причина за ова беше новововедениот ,,селари-кап”, кој не може да овозможи трошок поголем од 140 милиони на сезона. Поради новото правило, челниците на американскиот тим се одлучија да ја започнат наредната сезона со млади возачи, кои ќе возат за помала плата.
Вчера беше претставен првиот од нив. Станува збор за Никита Мазепин, кој е третопласиран возач во генералниот поредок во Формула 2.
Денес беше соопштен и неговиот нов тимски колега, односно првопласираниот во Формула 2 и син на легендарниот Михаел Шумахер – Мик Шумахер.
,,Многу сум задоволен што можеме да го потврдиме Мик Шумахер во нашиот состав за наредната сезона и едвај чекам да му посакам добредојде во тимот.” – се огласи директорот на ,,Хаас” Гинтер Штајнер.
,,Би сакал да им се заблагодарам на ,,Хаас”, на ,,Скудерија Ферари” и на возачката академија на ,,Ферари” што веруваа во мене. Исто така, сакам да изразам благодарност и до моите родители – знам дека ним им должам сè.” – порача Мик Шумахер.



