Српските медиуми известуваат дека првиот човек на тамошниот фудбал, Славиша Кокеза сака да доведе големо име на селекторската позиција, по разочарувачките резултати и неуспехот во баражот за пласман на Европското првенство идната година.
Првичната идеја била Арсен Венгер, поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, за што бил остварен и контакт со французинот, кој на крајот завршил безуспешно.
Венгер на разговорот им кажал дека Србија има перспективен и млад состав кој има шанси да се пласира на идниот Мундијал, но љубезно ја одбил понудата да биде селектор на Србија на 72 -годишна возраст.



