Вчера, актуелниот седумкратен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, доби позитивен тест на КОВИД-19, откако покажа благи симптоми.
Замената за Англичанецот беше објавена утрово, а ќе биде неговиот сонародник Џорџ Расел, кој досега возеше за ,,Вилијамс”.
,,Многу малку луѓе имаат среќа да возат за еден тим во Формула 1 секоја година. Јас ја добив шансата да возам за два. Многу им сум благодарен на ,,Вилијамс” и на ,,Мерцедес” за оваа прилика. Ви благодарам на сите.” – напиша Расел на својот Твитер профил.
22-годишниот Англичанец беше шампион во Формула 2 во 2018 година, а досега, во изминатата и во оваа сезона сè уште нема освоено ниеден бод во Формула 1.
На трката што ќе се одржи овој викенд, болидот на ,,Вилијамс”, наместо Расел, ќе го вози Џек Ејткен – тест-возачот на овој тим и актуелен пилот во Формула 2.



