
Хокеарите на Минесота Вајлд триумфираа со 7-3 над Анахајм Дакс и ја запишаа третата победа во низа.
После четириесет минути игра, резултатот гласеше 3-1 во корист на Минесота, со головите во првите петнаесет минути.
На стартот на третиот период, Вајлд дојдоа до недостижно водство со два гола за четири секунди, односно со три погодоци за неполни две минути.
До крајот, Дакс намалија на 6-3, но дозволија уште едно затресување на својата мрежа пред звукот на сирената.
Седумте гола на домаќините беа постигнати од шест различни играчи: Кевин Фијала, Рајан Хартмен, Матс Зукарело (х2), Метју Болди, Виктор Раск и Метју Дамба.
На спротивната страна, погодоци за ,,Патките” постигнаа Максим Комтуа, Дерек Грант и Тревор Зеграс.
Во Западната конференција, Минесота го зазеде петтото место, спуштајќи го Анахајм на шестата позиција.




