
Поради пандемијата со КОВИД-19, бројни натпревари од регуларната сезона на КХЛ беа откажани што резултираше со двонеделна пауза.
Сепак, после принудниот прекин следуваа ЗОИ 2022 во Пекинг каде што, освен хокеарите на руската селекција, ќе се натпреваруваат многубројни хокеари од останатите земји.
Поради целата ситуација, КХЛ соопшти официјален предлог за прекин на регуларната сезона и за спроведување на системот поени по натпревар со кој ќе се утврдат патниците во плејофот.
,,КХЛ предложува да не се играат преостанатите мечеви од регуларната сезона и да се примени нов систем за да се одреди конечниот распоред на табелата со ратификација на директорскиот совет и со согласност од Руската хокеарска федерација.”
,,Шеснаесетте екипи со најдобриот процент на поени по натпревар ќе се квалификуваат во плејофот на Гагарин Куп 2022. Со оглед на моменталните опкружувања, ова е единственото фер решение, кое ќе ни овозможи да ја комплетираме сезоната и да го доделиме Гагарин Куп.” – гласеше официјалното соопштение на КХЛ.




