Селекторот на Хрватска Лино Червар, направи една измена во составот во пресрет на денешниот дуел против Ангола. На местото од Марин Шипиќ повикан е младиот Халил Јагањац, екс ракометарот на Металург.
Од вчера е познато дека Лука Циндриќ го заврши настапот на ракометниот Мундијал поради повредата со која се здоби во дуелот против Јапонија, па неговото место го пополни Јанко Кевиќ. Дуелот Ангола – Хрватска е предвиден да се одигра денеска во 18 часот.