Во рамките на осмо коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен првенствен натпревар домашната екипа на ЖФК Речица стигна до убедлива и сосема заслужена победа над екипата ЖФК Плачковица од Радовиш со резултат од 4:0.
Најзаслужни за триумфот и трите бода се Јасмина Јовановска и Анѓела Петковска кои постигнаа по два гола за конечен резултат од 4:0. Треба да се напомене дека голманката од гостинската екипа, Фроска Костова имаше одлична претстава и не дозволи уште поубедлив пораз на својата екипа. Речица собира бодови за опстанок во првата женска лига.



