Во рамките на осмо коло од Прва ЖФЛ во Скопје на стадионот ,,Јован Мандаровски”, во скопската пресметка ЖФК Скопје дојде до рутинска и висока победа над новиот прволигаш, ЖФК Шкупи со резултат од 8:0.
Најзаслужни за новите три бода се капитенката Афродита Салихи која постигна четири гола, хет-трик имаше Гегова Драгана и стрелец на еден гол беше Елма Шемсовиќ. Натпреварот помина во фер и коректна игра на двете страни.



