Денес, во Охрид беше одржано четвртото издание на ,,Охрид ТрчаТ” со трки на пет и на дваесет и еден километар.
Станува збор за хронометарска трка со посебни протоколи одредени од балкански комисии.
На пет километри во машка конкуренција, најбрз беше Димитар Петровски, со време од 18:54 минути, а на второто и третото место се пласираа Григоријан Никовски (19:37) и Кристијан Стојани (19:38).
Кај жените, до победата дојде Бојана Наумовска (23:29), пред Елена Даниловска (23:34) и Ејона Куфе (24:37).
На полумаратонот, кај мажите, на првата позиција заврши Дарио Ивановски (1:16:23), а подиумот го комплетираа Атанас Анчевски (1:16:35) и Милош Ранчич (1:17:10).
Во женска конкуренција, на истата дистанца, Биљана Кираџиева (1:26:43) славеше пред Миљана Ристич (1:26:57) и Адријана Поп Арсова (1:29:18).
Двајца новинари на ,,Јави се јужна” земаа учество на ,,Охрид ТрчаТ”. Имено, Атанас Епов беше шести на пет километри (20:12), а Марјан Туртуров заврши како сто и единаесетти на полумаратонот со време од 2:00:55.
Фотографијата е преземена од официјалната Фејсбук страна на ,,Охрид ТрчаТ”