
Седумнаесеттото коло од англискиот Чемпионшип беше затворено со две големи ривалства.
Во 115. дерби на јужен Велс, Свонси дојде до јубилејната 40. победа над Кардиф, совладувајќи го со 2-0.
Решавачкиот момент на натпреварот беше директниот црвен картон на Калум Робинсон (7′), кој поради беспотребно фрлање на топката во лицето на противнички играч го остави Кардиф со десетмина на теренот.
До крајот, Свонси целосно ја имаше иницијативата и славеше со головите на Оли Купер (38′) и на Мајкл Обафеми (67′).
Од друга страна, во популарното 120. издание на ,,М1 Дерби”, Вотфорд го декласираше Лутон Таун со 4-0.
,,Стршлените” постигнаа по два гола и во двете полувремиња, а стрелци беа Кинан Дејвис (3′), Вилијам Троост-Еконг (45′), Жоао Педро (57′) и Исмаила Сар (79′).
До крајот и Лутон остана со играч помалку поради директниот црвен картон на Габриел Ошо (83′) за стартот над Кен Сема.
На табелата, Свонси скокна на четвртото место, оставајќи го Кардиф на дваесеттата позиција, додека Лутон и Вотфорд се деветти и десетти.




