Тимот на Талент Плзен на нашиот Никола Костески стигна до осмата победа во осмиот натпревар во првенството на Чешка, откако славееше против Хранице со 44:24.
Македонскиот интернационалец Никола Костески одигра повторно на високо ниво триесетина минути, во кои постигна три гола имаше три асистенции и три украдени топки на овој натпревар.
Костески заедно со поранешниот вардарец Стефан Терзиќ ги имаа и најубавиот погодок на мечот кога изведоа прекрасен цепелин.