
Вчерашните временски услови во Клингентал (Германија) во потполност го пореметија планот на организаторите за трките од Светскиот куп во нордиска комбинација.
Денес беше завршено натпреварувањето, кое започна вчера, а веднаш по него, стартуваше и втората трка.
На неа, неизвесноста во првата серија овозможи возбудлив тркачки дел, после кој, до вториот денешен триумф стигна Јоханес Лампартер (27:54,9).
Австриецот скијаше во водечката група во текот на последните седум километри, но се оддели во самиот финиш од второпласираниот Јарл Магнус Риибер (+7,0).
Третото место го зазеде лидерот после првиот дел, Франц-Јозеф Рерл (+22,9), а по него следуваа домашните натпреварувачи – Винценц Гајгер (+37,7), Јулијан Шмид (+38,0), Мануел Фаист (+38,5) и Јоханес Ридзек (+1:06,5).