
Иако вчера за малку го испушти подиумот, денес, Рагнилд Мовинкел ја запиша третата победа во кариерата во Светскиот куп.
Имено, Норвежанката (1:23,22) беше најбрза на супервелеслаломот во Кортина д’Ампецо (Италија), триумфирајќи за првпат сезонава.
На втората позиција заврши Корнелија Хитер (+0,30), која го освои јубилејниот дваесетти подиум во кариерата, а третопласирана беше миленичката на домашната публика – Марта Басино (+0,47).
За само три стотинки, без пиедестал остана Лара Гут-Бехрами (+0,50), а дополнителни три стотинки зад неа беше Роман Мирадоли (+0,53).
Во продолжение, во првите десет завршија уште: Елена Куртони (+0,56), Микаела Шифрин (+0,62), Мирјам Пухнер (+0,64), Кира Вајдле (+0,82) и Мишел Гизин (+0,83).




