
На трката за големата награда на Каталонија од МотоГП календарот, јубилејната десетта победа ја запиша Фабио Квартараро.
Французинот го презеде водството уште во првиот круг и доминантно го задржа до самиот крај со повеќе од шест секунди предност во однос на најблиските ривали.
На целната линија, како второпласиран и третопласиран стигнаа Хорхе Мартин и Жоан Зарко, кои освоија подиум после за нив среќни околности.
Имено, Алеиш Еспаргаро го држеше второто место, но почна да слави после претпоследниот круг без да биде свесен дека трката сè уште трае.
Накрај, Шпанецот беше претекнат и од Жоан Мир, па мораше да се задоволи ,,само” со петтата позиција.
Помеѓу најдобрите десет се пласираа уште: Лука Марини, Маверик Вињалес, Бред Биндер, Мигел Оливеира и Алекс Маркез.
Двајца конкуренти за титулата, Енеа Бастијанини и Франческо Бањаја, не ја завршија трката поради сопствена, односно поради грешката на Такааки Накагами.