Во рамките на тринаесеттото коло од англиската Лиг 1, силите ги одмерија Донкастер и Сандерленд.
Ова беше нивен шести меѓусебен дуел во историја и само втор на којшто Донкастер освои поени.
Имено, по трите воведни победи на Сандерленд, Роверс изборија две ремија од 0-0 и од 1-1.
Токму последната денешна средба заврши со наведениот резултат при којшто и двете екипи постигнаа по еден гол.
Стрелец за ,,Црните мачки” беше Грант Ледбитер на две минути пред паузата, додека, во завршните мигови, за Донкастер израмни Феџири Окенабирие.
Со ова реми, Сандерленд ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и го зазеде осмото место на табелата. Од друга страна, Роверс ја продолжија низата од девет мечеви со постигнат гол и се наоѓаат на единаесеттата позиција.



