Тинекс Пролет го претрпе првиот овосезонски пораз губејќи на гостувањето против КЛ7 со 32:30 на полувреме беше нерешено со резултат од 14:14. Во рамките на трето коло ова е прв пораз за Тинекс Пролет, додека за домашната екипа ова е многу значајна победа во суперлигашкото друштво. Кај стрелците се истакнаа Ласко Андоновски кој беше најефикасен со 10 погодоци, 8 постигна Џонов, а Аларов и Палевски постигнаа по 5 гола.