Светското првенство во полумаратон, оваа година се одржа во Гдиња,Полска.
На програмата, прво беше женската конкуренција, во којашто издоминира Кенијката Перес Џепчирчир, којашто постави нов светски рекорд во оваа дисциплина, односно го подобри својот најдобар резултат со време од 1:05:16.
Веднаш зад неа, со две секунди заостаток беше натурализираната Германка Мелак Јисак Кеџета со новиот европски рекорд. Како третопласирана, со само три секунди послабо време од новата светска шампионка, заврши Јалемзерф Јехуалау, а за првпат во историјата, првите шест натпреварувачки имаа побрзо време од 1:06:00.
Единствената македонска претставничка на светското првенство, Адријана Поп Арсова, заврши на 99. место со време од 1:22:18.
Во машката конкуренција, до победата, со нов рекорд на светските првенства од 58:49 дојде Уганѓанецот Јакоб Киплимо.
Само пет секунди побавен беше Кениецот Кибивот Канди, а подиумот го комплетираше Етиопиецот Амедеворк Валелегн со нов личен рекорд од 59:08.
Главниот фаворит и новиот рекордер на пет и на десет километри, Џошуа Чептегај, ја освои четвртата позиција со најдобро лично време (59:21).



