Во рамките на 12 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар, тимот на ЖФК Речица дојде до убедлива победа над младата екипа на ЖФК Борец од Велес со резултат од 7:2. Со новите три бода, ЖФК Речица сега има 20 бода и скокна на позицијата број шест и високо котира на табелата.



