Брентфорд е без пораз на дваесет натпревари во рамките на Чемпионшип, а со денешната победа од 1-4 над Мидлсброу изби на второто место на табелата, со бод и со натпревар помалку во однос на првопласираниот Норвич.
Мидлсброу го отвори резултатот уште во третата минута со автоголот на голманот Давид Раја, а во продолжение следуваше рапсодијата на Ајван Тони.
Англичанецот погоди двапати (38′, 80′) и асистираше еднаш кон Виталиј Јанелт (58′), притоа издвојувајќи се на врвот на листата на стрелците со 21 погодок, наспроти 17 на второпласираниот Адам Армстронг (Блекбурн). Освен гореспоменатите играчи, еднаш за Брентфорд погоди и Матијас Јенсен (64′).
📸 Getty Images