Во Тетово денеска ,,Дрим-тимот” на ЖФК Љуботен го одигра првиот официјален контролен натпревар по напорните изминати тренинзи и на вештачкиот терен во Тетово загубија од ЖФК Скопје со 2:4. Инаку тетовчанки на полувреме имаа предност од 2:0 со деби погодокот на босанката Сенада Муратовиќ и голот на македонската репрезентативка Јулија Живиќ.

Ова беше деби и за останатите ѕвезди во тимот каде што имаа заедничка можност да почуствуваат како би функционирале на терен во прволигашките предизвици. Во вториот дел ЖФК Љуботен се спротистави со нов подмладен состав и играчи кои имаа помала минутажа во претходната полусезона.

ЖФК Скопје во вториот дел се ослободи од притисокот, заигра поофанзивно и успеа да направи целосен пресврт каде што во ефикасен натпревар стигна до триумф од 2:4. Стрелци за победата беа Марина Митревска која што беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Драгана Гегова и Александра Марковска. Натпреварот изобилуваше со многу шанси и офанзивна игра, а младите имаа можност покрај искусните да добијат ново искуство.




