
По четирите триумфи во низа, Автомобилист Екатеринбург го запиша третиот овосезонски пораз.
Претставниците на Русија беа поразени во престолнината на Казахстан со 2-0 од страна на Барис Нур-Султан.
Автомобилист беше подобар тим, но сите триесет и шест шутеви беа запрени од Јулиус Худачек, кој дојде до првиот шут-аут во сезоната на дебито во новата средина.
Головите за Барис паднаа во првата третина, а стрелци беа Ентони Луис и Аркади Шестаков.
На табелата на Источната конференција, Автомобилист остана на врвот, а Барис скокна на петтото место.