
ЦСКА Москва, во рамките на денешната КХЛ програма, го запиша првиот гостински триумф против Авангард после две години.
Имено, во третото последователно реми во регуларниот дел, ,,Армејците” дојдоа до првата победа, откако славеа со 1-2.
Во првата третина, Павел Карнаухов стрелаше за гостите, а бод на ,,Јастребите” им донесе Арсени Грицјук на една и пол минута пред крајот.
Во продолжението, претставниците на главниот град на Русија го искористија својот трет шут, упатен од Максим Мамин, за да дојдат до посакуваниот плен.
На табелата на Источната конференција, Авангард го држи петтото место, додека ЦСКА е второпласиран тим на Западот.