
На Светското првенство во алпско скијање во супервелеслалом, до првата победа во кариерата дојде Џејмс Крофорд (1:07,22).
За Канаѓанецот, ова беше воедно и прв светски медал, а до истото достигнување стигна и ,,сребрениот” Александер Омодт Килде.
Норвежанецот, иако важеше за поголем фаворит од Крофорд, мораше да се задоволи со второто место со заостаток од само една стотинка.
За разлика од нив, Алексис Пантуро (+0,26) се закити со бронза што претставува негов втор медал во интервал од два дена, после титулата во алпска комбинација.
Лидерот во генералниот поредок на Светскиот куп, Марко Одермат (+0,37), заврши на четвртото место, пред Рафаел Хаасер (+0,57), а поради грешка во самиот финиш, без одличје остана шестопласираниот Марко Шварц (+0,58).