
Халкбанк Анкара победнички ја почна новата 2022 година, откако, заедно со европскиот Челенџ Куп, поврза пет триумфи.
Последниот од нив беше остварен денес, кога во дербито на 14. коло од турската Ефелер лига, Халкбанк го порази Спор Тото со 3-1.
Номиналните гости го добија првиот сет со 18-25 и им одзедоа партија на домаќините за првпат после 24 декември 2021.
Во наредните три сета, Халкбанк дојде прв до 25 поени (25-19, 25-23, 25-23), а во третиот и во четвртиот дел, тензијата беше огромна, но недоволна за славје на Спор Тото.
Од поразениот тим, Пол Бухегер имаше 21 поен, а двоцифрени беа уште Мортеза Шарифи (13) и Бурак Ѓунгор (13).
Кај избраниците на Танер Атик, над 10 поени имаа четири различни одбојкари: Мустафа Коч (12), Ефе Бајрам (13), Никола Бруно (13) и Рамос Хернандез (17).
На табелата, Халкбанк остана на првата позиција, додека Спор Тото го зазема шестото место.




