Во рамки на 15 коло, последно во првата полусезона од Прва МФЛ во фер и коректна игра, но во тешки временски услови и лош терен за игра, екипата на Истатов дојде до гостинска и минимална победа од 1:2 против аутсајдерот ЖФК Борец од Велес.
Натпреварот се играше на теренот на ,,Превалец”, а стрелци за триумфот беа Радица Чонева и Драгана Колевска. Сега следи пауза во првенството и подготовки за втората полусезона од женскиот шампионат во Прва ЖФЛ.



